Translate This Page

Опис на општината

     Општина Долнени го зазема северозападниот дел на Пелагониската котлина, која се наоѓа на околу 600 м надморска височина. Општината опфаќа површина од 430 км2 и е една од поголемите новоформирани општини во  Р. Македонија. Од вкупната површина 2/3 е рамничарски дел, додека 1/3 се високи области и тоа исклучиво во северниот дел на општината. Скоро 90% од рамничарскиот дел се обработливи површини, а планинските делови половината се пасишта, а половината се покриени со шуми.Во почетокот на XX век во селото Долнени живееле околу 650 жители. На пописот во 1948 год. биле попишани 900 жители, а на наредните: 898 (во 1953 год.), 858 (во 1961 год.), 685 (во 1971 год.), 579 (во 1981 год.), 460 (во 1991 год.), 424 (во 1994 год.), од што може да се забележи дека селото го зафатило масовна миграција. Според пописот од 2002 година, селото Долнени брои 375 жители, од кои 374 Македонци и 1 останат. Од нив 199 биле мажи, а 176 жени.

Личности


Спорт

ФК.ИЛИНДЕН формиран 2006 година на 2 август и се натпреваруваше во Б-лигата на ОФЛ Прилеп 2006 до 2014 а од сезоната 2014/15 во ОФЛ Прилеп А-лигата

Музика

 ОТИДОВ В СЕЛО ДОЛНЕНИ, ДЕ

Отидов в село Долнени, де,
там најдов сено косено, де,
там најдов сено косено, де,
и на сено велам, говорам, де.

На сено велам, говорам, де,
вени се сено косено, де,
вени се сено косено, де,
како што се вене млад јунак, де.

Како што се вене млад јунак, де,
за девојче селанче, де,
за девојче селанче, де,
со везено коланче, де.

Море, што ќе биде селанче, де,
нека биде граѓанче, де,
нека биде граѓанче, де,
со шарено фустанче, де.